Skip to content
Голапче, мало хубаво, голапче златокрилесто, кога ти дојде при мене? И кога в часот побегна? Уште ја глас ти не слушнаф, уште те арно не видоф. Дан’ ми се, мило налјути? Дан’ ми се добро насрди заш не ти хубост пофалиф? заш не ти крилја помазниф?
Ако на сон видиш некого да падни во бунар, ќе се поболи.
Секоја страна на тревата има своја капка роса.
Ни љубовта и омразата меѓу клучот и катанецот, ни притаената светлина во купениот кибрит;ништо не е повидливо од твојата трага пред мене и зад мене, со мене и во мене.
Два пати помисли, еднаш прозборуј.
Да плачиш на сон и алтани да земиш од некој твој пријател, ќе си се радуал деше и ќе ти таксуа некое добро некој твој чоек.
Ако си мома, седи си дома.
Кого го било страв од грмеж, да јадел изгорен леб и ич после не ќе се страшел од грмежо.
Три пати мери еднаш крој.
Дајте ми волја, уживање, властољубие, себичност Љубов дајте ми! Преумножете се што ќе ме истроши. И – да се ослободам!