Голапче, мало хубаво, голапче златокрилесто, кога ти дојде при мене? И кога в часот побегна? Уште ја глас ти не слушнаф, уште те арно не видоф. Дан’ ми се, мило налјути? Дан’ ми се добро насрди заш не ти хубост пофалиф? заш не ти крилја помазниф?