Убаво кажано

Категорија
264Вести

Кога ја љубев Дениција, како да калемев светлина на мракот, како да топев снегови фатени во движење, како да станував единствен сведок за бакнежот меѓу металот и громот.

Нема ли живот, нема ли љубов за живот голема љубов за живот човечна у виа гради аргатски?

Од Божиќ до Водици не чини навечер да плетат жените чорапи, чунки Богородица ет леунка.

Ако сонуаш да се треси земја толку силно, што дури тавано на куќата да се наведуа на земјата, утрото ќе чуеш да падни некој голем чоек од честа што ја имал на сила добиена, или од родо твој, или од некој верен пријател.

Ај да ми бидеш живо и здраво детуле. Да пораснеш големо. На лице бело и црвено како тетовско јаболко, на снага – вита ела пиринска. Грло бисер да ти рони. Гласот да ти биде како на славејче.

Разведри чело намрштено, толку е убав овој ден! Доста си седел во мразна соба, излези, будалче однесен! Денеска многу ти се дава, толку е убав овој ден! Не мисли! Летни како пиле од млада среќа окрилен!