Skip to content
Нозите кого го скокоткаат или по мичките, жената го милувала. Така и мажот ја милувал жената.
Мелницата не меле со водата која веќе истекла.
Варди се да не се поболиш, оти тешко можеш да оздравиш
Вино да пиеш на сон, здравје ќе добиеш.
Дури не фрлиш семе во нива, не никнува, а трње никнуваат и несеани.
Ако на сон се видиш облечен со ново алиште, ќе се патиш за некоја убаа работа.
Добрите дела тешко одат, а злите ѕвонат како ѕвонци.
Ќе си земам жена Французинка, да ми пее на шпански.
Вјасај брзо да стигнеш, но гледај и да не се препнеш.