Убаво кажано

Категорија
264Вести

Облеката е измислена да ти ги покрива недостатоците, а зборот да ти го покажува и тоа што не се гледа.

Баба ми ја трга завесата од прозорецот да си ја види улицата пред асфалтирање

Каде о каде ти јас ти море шумно и бескрајно ти монотоно поле хоризонтално уморено желно за исправено ветровито разведрување Каде о каде ти тесто густо на дождот и земјата човеку јас камену во рацете и во очите кал

Три дена на раце те носевме збрана, со тага и болка во погледот срчен, и секоја капка од твојата рана ко крвава жар ми капеше в срце.

Ги пуштив реките да течат дека се матни, дека мислат гласно, и може негде некому да речат што не сум знаел да изразам јасно.