АНА ВИНТУР E НАЈМОЌНАTA ЖЕНА ВО ШОУ-БИЗНИСОТ

Лондон, (Би-Би-Си)

Магазинот „Форбс“ ја прогласи Ана Винтур, уредничката на „Вог“, за најмоќнаta жена во медиумската сфера и шоу-бизнисот. Винтур има репутација на една од најмоќните жени во светот на модата.

„Форбс“ ја составува годишната листа врз основа на заработени пари, објавувања и споменувања во медиумите, како и според општото влијание.

Според медиумската аналитичарка Алис Ендерс, прилично е едноставно зошто Винтур, која беше одликувана со титулата дама од британската кралица Елизабета Втора, е број еден.

„Ана Винтур е најмоќна жена во печатените медиуми, затоа што ‘Вог’ е врвот на формирањето на вкусот и на женската мода. Директорките на Фејсбук и на Гугл не се најдоа на листата, бидејќи е очигледно дека се истражувало влијанието на печатените медиуми“, вели таа.

На листата на најмоќни жени во медиумите, покрај неколку уреднички и директорки, има и поп-ѕвезди како Бијонсе (4. место) и Тејлор Свифт (12.) и писателката Џ. К. Роулинг (13.).