Славниот италијански тенор Андреа Бочели ќе пее на венчавката на принцезата Јуџини и Џек Бруксбанк в петок, во капелата Сент Џорџ во Виндзор, истата локација кадешто се венчаа Хари и Меган.

Принцезата Јуџини (28 години) е ќерка на принцот Ендрју и Сара Фергусон, а со триесетгодишниот Бруксбанк, поранешен менаџер на ноќен клуб, се заедно седум години.

На церемонијата ќе свираат и музичари од Кралската филхармонија, а забавата после свадбата ќе продолжи на имотот на нејзиниот татко.

„Се запознавме на скијање во Швајцарија, јас имав 20 години, а Џек 24 и се заљубив”, изјави принцезата неодамна во интервју.