Јапонецот Арата Исозаки, кој ги спои истокот и западот во своите иновативни дизајни, е добитник на годинашната Прицкерова награда, најпрестижното признание во архитектуратa. Ученик на Кензо Танге, 87-годишниот Исозаки е автор на над 100 објекти, од палатата Сент Жорди во Барселона, изградена за Летните олимписки игри во 1992, до Музејот на современа уметност во Лос Анџелес.

Концертната сала во јапонскиот град Мацусима, изградена во 2013 (Фото: АФП)

„Неговата архитектура е вистински меѓународна. Исозаки е пионер во сфаќањето дека потребата од архитектура е и глобална и локална, дека тие две сили се дел од еден предизвик“, изјави претседателот на жирито Стивен Бријер.

Исозаки е осми јапонски лауреат на Прицкеровата награда, која важи за Нобелова награда за архитектура. Наградата во вид на бронзен медалјон и 100.000 долари ќе му биде врачена во мај во Париз.

Палатата Сент Жорди во Барселона