Вкупно 226 луксузни домови ќе ги сочинуваат ориенталните резиденции во Абу Даби, кои данското студио „Биг’“ ги дизајнира покрај Националниот музеј Зајед на островот Саадијат.
„Биг“ го уреди домувањето со поглед на петте кули кои личат на крила на скулптурниот музеј. Комплексот треба да биде завршен во 2028 година, поделен на два блока со скалести тераси кои припаѓаат на секој од 226-те домови.
Ќе бидат во продажба од 21 ноември. „Mandarin Oriental Residences“ ќе се состојат од две згради со скалести форми
Комплексот ќе вклучува и културен кварт. Секој апартман ќе има приватна тераса.
Внатре, резиденциите се пространи и светли со прозорци од подот до таванот.