ФРАНЦИЈА ЌЕ ЈА ГРАДИ НАЈГОЛЕМАТА СТАКЛЕНА ГРАДИНА НА СВЕТОТ

Париз, (Си-Ен-Ен)

Франција го објави изгледот на најголемата тропска стаклена градина на светот, што ќе се гради во Па д‘Кале во северниот дел на земјата.

Наречена Тропикалија, таа ќе се простира на речиси 20.000 квадратни метри и ќе има двојно изолиран проѕирен покрив, налик на школка. Градината е дело на француското архитектонско студио „Колдефај“.

„Структурата е замислена како меур на хармонија. Низ Тропикалија ќе поминува еден километар долга патека, која ќе поврзува различни тропски пејсажи исполнети со флора и фауна, а ќе содржи и 24-метарски водопад, како и олимписки базен со амазонски риби“, се вели во студијата.

Низ Тропикалија ќе поминува еден километар долга патека, која ќе поврзува различни тропски пејсажи

Иако Тропикалија физички ќе се истакнува во околината, нејзиното влијание врз екологијата ќе биде многу помало.

„Проектот е енергетски самостоен благодарение на двојната купола, која создава воздушна комора, што се загрева со ефект на стаклена градина“, велат архитектите.

Се очекува Тропикалија да чини околу 62 милиони долари и првите гости треба да ги прими во 2021 година.