КОНОПОТ СТАНУВА СÈ ПОПОПУЛАРЕН МАТЕРИЈАЛ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

Лондон, (Дезин)

Конопот станува сè попопуларен материјал кај архитектите кои се обидуваат да го намалат јаглеродниот отпечаток на нивните проекти. Сè повеќе докази укажуваат на тоа дека градежната индустрија мора да се префрли на биолошко заснованите алтернативи на вообичаените градежни материјали, како бетонот, со цел да учествува во намалувањето на штетните емисии.

Приватна куќа во Израел

Една од алтернативите кои привлекуваат сè поголемо внимание е конопот, брзорастечкиот роднина на марихуаната, кој веќе се користи како биогориво и текстил. Истражувачот од Универзитетот Камбриџ, Даршил Шах, вели дека конопот го апсорбира јаглеродот од атмосферата поефективно од дрвјата.

Спортски центар во Франција

Во градежништвото, тој се користи во форма на конопобетон, композит од влакна од коноп и вар, кој е издржлив, високо изолациски и отпорен на мувла.

Приватна куќа во Белгија