МЕСЕЧЕВО СЕЛО ПОКАЖУВА КАКО БИ ИЗГЛЕДАЛО ПОСТОЈАНО ЖИВЕАЛИШТЕ НА ЛУЃЕТО НА МЕСЕЧИНАТА

Чикаго, (Дезин)

Архитектонската фирма „Скидмор, Оуингс и Мерил“ (СОМ), во соработка со Европската вселенска агенција и Институтот за технологија во Масачусетс, го дизајнираше Месечево село, покажувајќи како би изгледало прво постојано живеалиште на луѓето на површината на Месечината.

Оваа заедница би се состоела од поврзани капсули на надувување, кои би можеле да се шират како што се зголемува популацијата.

„Проектот претставува сосема нов предзивик на полето на архитектонски дизајн“, се вели во соопштението на СОМ.

Овој предлог има за цел да реши голем број компликации поврзани со живеењето на Месечината, како еластичност, самодоволност и искористување на постоечките ресурси.

„Месечевото село треба да обезбеди услови за живот таму каде што, всушност, ги нема. Тука мора да се мисли на проблеми кои ги нема на Земјата, како заштита од радијација, разлики во притисок и обезбедување воздух за дишење“, додаваат од СОМ.

Се проценува дека најдобра локација за негова изградба би била кај кратерот Шеклтон, во близина на Јужниот Пол на Месечината, кој прима дневна светлина преку цела лунарна година. Инфраструктурата и живеалиштата би добивале енергија од сонцето.

Со висина од три-четири ката, капсулите би можеле да се прошируваат и би имале штитови од екстремни температури, проектили, прашина и сончева радијација.