ЛЕТОНСКАТА ПИЈАНИСТКА СКРИДЕ ВЕЧЕРВА НА ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Летонско-германската пијанистка Лаума Скриде ќе настапи вечерва од 20 часот во Музејот на македонска борба во рамките на 42. Денови на македонска музика.

Од ДММ најавуваат дека светски реномираната пијанистка на своето прво појавување на фестивалот ќе изведе дела од Мехмет Џан Озер, Петерис Васкс, Петар Јованов, Сорен Нилс Ајхберг, Софија Губајдулина, како и од македонските автори Борис Светиев, Гоце Коларовски и Ана Пандевска.

„Лаума Скриде, на која во 2008 година ѝ беше доделена наградата ‘Бетовенов прстен’, е високо призната за нејзините интерпретации на германскиот класичен и романтичен репертоар. Како многу баран камерен музичар, во 2008 заедно со својата сестра Баиба го основала ‘Скриде квартетот’, со кој постојано е на турнеи по главните европски сали и фестивали“, стои во најавата.

Концертот е поддржан од Гете-инстиутот Скопје и од Здружението за германско-македонска соработка и пријателство.