ПАРИЗ ДОБИВА ЦЕЛОСНО НОВА МРЕЖА НА ПОДЗЕМНА ЖЕЛЕЗНИЦА СО УШТЕ 200 КИЛОМЕТРИ ПРУГИ

Париз, (Си-Ен-Ен)

Париското метро, изградено во почетокот на 20. век, ќе ја добие најзначајната надградба во последните децении: Grand Paris Express – нов систем од 200 километри пруги со четири нови линии и 68 нови станици. Тие главно ќе ги поврзат предградијата без да поминуваат низ густо населените делови на Париз, со што ќе се додадат надворешни прстени на мапата на париската подземна железница, која досега се состоеше од 14 линии, кои само како краци излегуваа од центарот на градот.

Изградбата на линиите, која почна во 2016, е најголемиот цивилен инфраструктурен проект во Европа, тврди француската влада. Проектот исто така беше погоден од одложувања.

Компјутерски приказ на Гар Вилежуиф, една од четирите нови станици на Grand Paris Express

И покрај тоа, на крајот на минатиот месец беше направено првото пробно возење по новата железница, со 108 метри долг воз, прв од таков вид произведен специјално за Grand Paris Express.

„За да ги промениме животите на луѓето, прво мора да го промениме начинот на кој се движат“, изјави францускиот министер за транспорт Клеман Боне.

За разлика од Париското метро, Grand Paris Express ќе користи самовозечки возови за да се создаде целосно автономна брза транспортна мрежа.

Париз беше еден од првите градови на светот кој изгради метро. Првата линија беше отворена во 1900 година и во следните децении постојано беше проширувано. Денес располага со линии од 800 километри и секој ден превезува речиси четири милиони патници.

(Фото: Шатерсток)