Замокот Госфорд во Северна Ирска, кадешто се снимаа сцени од третата сезона на „Игра на тронови“, се продава за почетна цена од 500.000 фунти, односно 656.452 долари. Фановите на ултрапопуларната ТВ-серија ќе го препознаат замокот како родното место на Кејтлин Старк.

Замокот бил изграден во средината на 19. век и има 15 спални соби и десет бањи.

Во богатата историја, замокот бил користен и за сместување на војници за време на Втората светска војна. Од 1983 година работи како хотел.