БАЛЕТОТ НА МЕДУЗИ ПОБЕДИ НА 50. ИЗБОР НА ЕВРОПСКА ФОТОГРАФИЈА НА ДИВ СВЕТ

Берлин, (Гардијан)

„Балетот на медузи“ е севкупниот победник на 50. издание на изборот на Европска фотографија на див свет, што го организира Германското здружение за научна фотографија.

Терје Колос (Норвешка) победи во категоријата птици

Автор на магичната слика е шпанскиот фотограф и фоторепортер Анхел Фитор, кој ја снимил во Мар Менор во Шпанија, најголемата морска лагуна во Европа. Тој користел повеќе блиц активатори за да создаде илузија на јато, иако пред него имало само две медузи во водата.

Над 19.000 фотографии од 36 земји учествувале во изборот.

Дени Грин (Велика Британија) победи во категоријата цицачи
Јан Педерсен (Шведска) победи во категоријата други животни
Тобијас Рихтер (Германија) победи во категоријата растенија и габи
Анет Мосбахер (Швајцарија) победи во категоријата пејзажи
Фабрис Герин (Франција) победи во категоријата подводен свет