БИЈОНСЕ САКА ДА ГО ЗАШТИТИ ИМЕТО НА ЌЕРКА Ѝ ЗАШТО ТАА Е КУЛТУРНА ИКОНА

Њујорк, (НМЕ)

Бијонсе ја опиша својата седумгодишна ќерка Блу Ајви како културна икона, додека води правна битка со компанија која го носи истото име.

Тврдејќи дека таа прва го искористила ова име, планерот на венчавки Венди Моралес го блокираше обидот на аренби дивата да го заштити името Блу Ајви. Адвокатите на Бијонсе побараа од Националната агенција за патенти и интелектуална сопственост да го отфрли случајот на Моралес. Тие го опишаа највозрасното дете на Бијонсе и Џеј-Зи како „културна икона“ и „мала стилска ѕвезда“.

„Тврдењето дека муштериите на компанија за планирање венчавки би можеле да се збунат со името на ќерката на една од најпознатите двојки на светот е несериозно и треба во целост да биде отфрлено“, се вели во судските документи.

Притоа се бара на Бијонсе да ѝ се дозволи да го заштити името Блу Ајви Картер бидејќи „со него се идентификува славна детска личност, додека бизнисот на Моралес е мал и има само неколкумина вработени“.