Актерката Блејк Лајвли е бремена со третото дете со сопругот и колега Рајан Рејнолдс. Таа ја изненади јавноста кога се појави со трудничкото стомаче на премиерата на новиот филм на Рејнолдс, „Покемон: детектив Пикачу“.
Двојката се венча во 2012 и веќе ги има ќерките Џејмс и Инез.
„Отсекогаш сум сакала голема фамилија. Би сакала да имам 30 деца, да можам“, изјави Лајвли, која стекна светска слава со ТВ-серијата „Озборувачка“.