ДИКАПРИО ПРИРЕДИ ГОЛЕМА ЗАБАВА ЗА 50. РОДЕНДЕН, ДОЈДОА БРОЈНИ ЅВЕЗДИ ОД ШОУ БИЗНИСОТ

Њујорк, (Пипл)

Леонардо ДиКаприо го прослави 50. роденден со голема забава во својата резиденција во Лос Анџелес, на која присуствуваа бројни ѕвезди од шоу бизнисот.

„Пипл“ објави дека меѓу гостите беа забележани Бред Пит со девојката Инес де Рамон, Стивен Спилберг, Крис Рок, Тоби Мегваер, Парис Хилтон, Орландо Блум, Кејти Пери, Едвард Нортон, Бенисио дел Торо, Доктор Дре и Кара Делевињ, а дошле и родителите на актерот, Џорџ ДиКаприо и Ирмелин Инденбиркен.

Парис Хилтон (Фото: ТМЗ)

„Лео прво имаше вечера со семејството и најблиските пријатели, а потоа направи голема забава. Беше неверојатно среќен и се гушкаше со сите. Беше многу расположен цела ноќ“, изјави еден извор за „Пипл“.

Бред Пит со девојката Инес де Рамон (Фото: ТМЗ)

Како диџеј гостите ги забавуваше пејачот и продуцент Андерсон Пак, а Стиви Вондер му ја испеа роденденската песна на ДиКаприо, објави сајтот „ТМЗ“.

Славеникот го придружуваше неговата девојка, 26-годишната манекенка Виторија Черети, со која е во врска од лани.