НАД 190.000 ЗНАМИЊА ГО ОСВЕТЛИЈА ВАШИНГТОН ЗА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА БАЈДЕН

Вашингтон, (Би-Би-Си)

„Поле на знамиња“ го осветли паркот Нешнал Мол во Вашингтон, додека финишираат подготовките за утрешната церемонија на устоличување на Џо Бајден во нов претседател на САД.

Во паркот се поставени 191.500 знамиња во различни големини, кои, како што беше појаснето, ги претставуваат луѓето кои поради пандемијата на коронавирусот не можат да присуствуваат на церемонијата. Уметничката инсталација ги вклучува знамињата на сите американски сојузни држави и територии, како и 56 светлосни столбови.