Фановите на „бугати широн“ сега можат да имаат ваков суперавтомобил без да потрошат три милиони долари. Ако не им пречи што е направен од лего коцки.
Лего широн не е голем колку вистинскиот автомобил, но има 16-цилиндричен мотор и функционален систем за менување брзини.
Неодоливата реплика на „бугати“ е направена од 3.599 парчиња и, веројатно, ќе ви требаат неколку дена да ја составите. Од компанијата велат дека на експертите во оваа област ќе им требаат околу седум часа.
Цената на комплетот е 349,99 долари.
Моделот е дел од колекција што го вклучува и „порше 911 ГТ3 РС“ и е наменет за сите возрасти.
Инженерите на „Лего“ претходно посетиле фабрика на „Бугати“, за да ги добијат вистинските димензии.