ЛУЃЕ ПРЕСТАНУВААТ ДА ОТКРИВААТ НОВА МУЗИКА ПО 30-ТА ГОДИНА, ПОКАЖА ИСТРАЖУВАЊЕ

Њујорк, (НМЕ)

Музичката индустрија цело време се стреми кон промовирање нови артисти, но едно ново истражување покажа дека тоа допира до само одреден дел слушатели.

Според анкетата што ја спроведе популарниот сервис за стримање „Дизер“, просечен човек добива „музичка парализа“ на возраст од 30 години и шест месеци.

Под овој поим се подразбира точка кога луѓето престануваат да откриваат нова музика и цело време слушаат стари песни и жанрови.

„Дизер“ испита илјада Британци за нивните навики за слушање музика и 60% од нив кажале дека се заглавени со иста музика, а една четвртина (26%) велат дека, најверојатно, не би пробале да слушаат ништо надвор од нивниот омилен музички жанр.

Ова најмногу се должи на масовна продукција (19%), имање работа што не дозволува многу слушање музика (16%) и грижа за мали деца (11%). Сепак, 47% од испитаниците рекле дека би сакале да можат да посветат повеќе време на слушање нова музика.

Просечната возраст кога една личност го задоволува својот апетит за откривање музика е 24,5 години.