На 14 март во Чифте амам започнува модниот настан Деновите на италијанскиот дизајн во Скопје, кој се одржува под мотото „Создавање вредност: инклузивност, иновација и одржливост”. Настанот го организира Амбасадата на Италија во Скопје, во соработка со Италијанската трговска агенција, „Ист гејт мол“ и Моден викенд Скопје.
Деновите на италијанскиот дизајн се отвораат со мастерклас на Лука Боскардин, познатиот италијански дизајнер на играчки, а ќе се одржи и изложба посветена на Пинокио.
На 15 март од 19 часот во „Ист гејт мол“ ќе се одржи модна ревија со познати италијански брендови. На 28 и 29 март на истото место ќе има ревии на домашни дизајнери, а на 30 март ќе се одржи ревија на венчаници.