На пазарот не недостига производители на суперавтомобили кои се натпреваруваат кој ќе направи помоќна машина, но грчкиот стартап „Спирос Панопулос аутомотив“ успеа да се издвои во нешто.

Тој моментално работи на суперавтомобил со 3.000 коњски сили наречен „хаос“, што го придвижува класичен погон, 4.0 В10 твин-турбо мотор, кој би требало да прави до 12.000 вртежи во минута. На тој начин, „хаос“ ќе биде двојно помоќен од „бугати широн“.

Од грчката компанија велат дека „хаос“ ќе ги има најлесните метални тркала на светот

Но, не се само неверојатните дизајн и сила она што „хаос“ го прават исклучителен. Тој ќе биде првиот автомобил на светот со шасија од зилон, најцврстото влакно направено од човекот и ќе има 3-Д отпечатени титаниумски тркала, какви што досега не се користени во автомобилската индустрија. Технологијата која стои зад ова е сѐ уште во почетна фаза, првпат беше претставена пред две години и се разликува од класичното 3-Д печатење. Од грчката компанија велат дека тоа ќе бидат најлесните метални тркала на пазарот.

Се најавуваше дека „хаос“ ќе има премиера на Автосаемот во Женева следната година, но тој е откажан.