Со декорации во црвена и сина боја, Меланија Трамп го слави американскиот патриотизам во божиќното украсување на Белата куќа.

Првата дама внесе новини во традиционалното декорирање со зеленило и го украси со боите на американското знаме, а ги слави и американските дизајн, иновации и архитектура.

Фото: АП

„Со голема радост ви посакуваме добредојде во Белата куќа додека празниците ги славиме во духот на Америка. Се надеваме дека ќе уживате во нашата посвета на традициите, обичаите и историјата, со кои се гордее нашата нација“, стои во изјавата на претседателот Доналд Трамп, неговата сопруга Меланија и синот Барон.

Фото: АП

Над 225 волонтери од целата земја работеле на украсувањето.

Фото: АП

Фото: АП

Фото: АП