МОДЕРНАТА ВЕРЗИЈА НА „РЕНО 4“ Е ЕЛЕКТРИЧЕН КАБРИОЛЕТ

Париз, (Мотор1)

Рено 4“ е еден од најпопуларните и најомилени француски автомобили на сите времиња, а неговата модерна верзија е електричен кабриолет без врати.

Наречен „e-plein air“, овој концепт го презема електричниот погон од „рено твици“ и максимално може да развие 80 километри на час, а со едно полнење на батериите може да помине 100 километри.

Оригиналниот „plein air“ од 1960-ите наводно бил направен за потребите на војската, но набргу се покажал идеален за одење на плажа.

И неговата нова верзија изгледа едноставно, забавно и класично, има две седишта, а багажникот доаѓа со корпа за пикник. За да не биде сѐ ретро, тука е дигиталниот екран.