МУЗЕЈ ВО БЕЛФАСТ ПРАВИ 90-МЕТАРСКА ТАПИСЕРИЈА СО СИТЕ СЕЗОНИ НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“

Белфаст, (АФП)

Трисетина волонтери во музејот „Алстер“ во Белфаст ја завршуваат теписеријата долга 90 метри, на којашто се претставени сите осум сезони од телевизискиот феномен „Игра на тронови“.

Откако почна да се емитува во 2011, таа се снимаше главно во студија во Белфаст и во пределите на Северна Ирска и тамошната публиката многу се приврза за серијата.

Фото: АФП

„Теписеријата е голем уред кој раскажува приказна. Должината дозволува приказната да се расплетува, така што таписеријата на повеќе начини е совршен медиум за раскажување на дејството на ‘Игра на тронови’“, вели Валери Вилсон, кураторка за костими и текстил во Националниот музеј на Северна Ирска.

Парчињата се шијат на машина, а завршните елементи се додаваат рачно. Речиси две години, тим од 30 луѓе работи на додавање елементи од легендарните сцени, како „крвава свадба“, Белите шетачи или зелениот оган.

Фото: АФП

Исто како и актерите од серијата, и тие потпишале договори дека ќе работат во тајност. Исто така, поради експлицитното прикажување на сцените, таписеријата нема да можат да ја видат помлади од 18 години.