Како што мисиите во вселената траат подолго, така се појавуваат нови проблеми. Еден од нив е како долната облека на астронаутите подолго да се одржува чиста. Тим од Виена работи на овој случај.
Благодарение на модерната наука, ѓубрето и долната облека можеби веќе нема да се испраќаат во капсули од Меѓународната вселенска станица назад на Земјата. Целта на Гернот Гремер и неговиот тим научници од Австрискиот вселенски форум и Текстилната лабораторија во Виена е долната облека да се носи подолго и поретко да се фрла, додека истовремено ќе се одржува хигиена.
„Вселенските мисии и прошетки стануваат сè подолги и повообичаени и затоа треба да се осигура микробите да не ги загрозуваат“, вели Гернот.
Астронаутите сега ја носат долната облека неколку дена, па ја фрлаат. При надворешните мисии, тие прво ставаат пелена, па долна облека и потоа уште еден слој кој помага при ладење.
Астронаутите се изложени на поголем ризик од кожни болести бидејќи поради нултата гравитација, потта различно се распрснува по нивното тело. Затоа е потребен текстил кој ќе ги контролира бактериите не само во долната облека.
Меѓу следните проекти е и машина за перење облека која ќе работи на Марс. Тоа би било високотехнолошко решение, што би го користел тамошниот јаглероден диоксид за да се создаде потребната влага.