Дваесет и пет уметници и дизајнери ги претставуваат своите инсталации на четвртото издание на фестивалот на светлината Skopje Light Art District. Тој се отвори на 8 септември, а градот преку уметноста ќе биде осветлен до вечерва.

Од шалтер салата на Пошта до Градски парк, инсталациите се поставени на 15 локации.

Skopje Light Art District е инспириран од најстариот фестивал на светлосна уметност Fête des lumières, кој секоја година се одржува во Лион и датира од далечната 1643.

Фото: Ѓ. ЛИЧОВСКИ