Три недовршени облакодери во центарот на Лос Анџелес се покриени со графити, што покрена нова дебата за овие згради, чија изградба е запрена во 2019 година. Графити уметниците почнаа да го украсуваат комплексот „Оушнвајд плаза“ во јануари и оттогаш испишаа разни имиња и фрази на надворешноста на зградите.
Оригиналните планови за проектот покажуваат згради со зелени простори и надворешни тераси. Две кули беа изградени до 40. кат, а третата стигна до 49-иот.
И додека едни ги опишаа графитите како уметност, за други тие се вандалски чин.
„Ова е совршен приказ за сегашната состојба на Лос Анџелес, а графитите се прекрасни“, кажаа од колективот „Народниот градски совет на Лос Анџелес“.
Според „Лос Анџелес тајмс“, изградбата на кулите, која почна во 2015, беше запрена поради недостиг на средства.