ПРЕМИЕРАТА НА „ГОЛФ 8“ ЗАКАЖАНА ЗА 24 ОКТОМВРИ

Волфзбург, (Мотор1)

Новиот „голф“ требаше да има светска промоција на неодамнешниот Автосаем во Франкфурт, но „Фолксваген“ одлучи неговиот прв електричен модел „ИД.3“ да го доби целото внимание.

Германската компанија сега објави дека осмата генерација на нејзиниот најпродаван автомобил ќе има премиера на 24 октомври на специјален настан во домашни услови во Волфзбург. Доаѓајќи со мотото „Животот се случува со голф“, од компанијата велат дека „тој ќе постави нови стандарди со своите непогрешлив дизајн, интелигентна дигитализација, вмрежени системи на асистенција и палета на ефикасни и електрифицирани мотори“. Никакви други детали за автомобилот не се објавени.

Производството на новиот „голф“ веќе почна во Волфзбург, а оттаму ќе дојде и караванската верзија.

И тоа не се сите новитети од „Фолксваген“ за оваа година: на 11 ноември е премиерата на новата „шкода октавија“, а потоа доаѓаат и новите „сеат леон“ и „ауди А3 спортбек“.