„Рено 4“ останува еден од најлегендарните модели во автомобилската историја кој вистински го долови духот на времето кога се појави во почетокот на 1960-тите.
Француската компанија сега го трансформираше во електричен „рено 4 Е-тек“, кој беше промовиран на Автосаемот во Париз. Моделот ја содржи ДНК на својот претходник, додека истовремено е прилагоден на новата, електрична ера.
Првпат најавен во 2022, „рено 4 Е-тек“ ќе се нуди исклучиво како кросовер. Долг е повеќе од четири метри и во него има доволно место за петмина патници.
Во понуда ќе бидат верзии со батерии од 40 и 52 киловат-часови, кои до 80% ќе се полнат за половина час.
Продажбата ќе почне следната година.