СОЗДАДЕНА ПРВАТА СЛЕПА КУКЛА БАРБИ

Њујорк, (Гардијан)

Шест децении откако првпат се појави во продавниците, „Мател“ ја претстави првата слепа кукла Барби. Американската компанија кажа дека куклата била креирана со цел слепите и слабовидните деца да бидат позастапени во општеството.

„Барби е многу повеќе од кукла, таа претставува самоизразување и може да создаде чувство на припадност“, изјави Криста Бергер, шефицата на глобалниот оддел за кукли на „Мател“.

Компанијата работела со Американската фондација за слепи за да се обезбеди сѐ на куклата, од очите до облеката, прецизно да ги прикаже слепите и слабовидните луѓе.

Куклата држи бело-црвен бастун, додека нејзиниот поглед е свртен малку нагоре и нанадвор за „прецизно да го одразува понекогаш специфичниот поглед на слепиот поединец“. По тестирањето со слепи и слабовидни деца било одлучено дека куклата треба да носи облека со детали од тактилна ткаенина.

(Фото: Мател)