Четвртата генерација на „тојота јарис“ ја понесе престижната титула Европски автомобил на годината. Ова следува само неколку дена откако „јарис“ за првпат беше прогласен за најпродаван автомобил во Европа.

„Ова е голема чест за ‘Тојота‘. Сакам да ја нагласам страста со која работи нашиот развоен тим во Јапонија и Европа. Ова е најдобриот ‘јарис‘ досега и тој веќе става насмевка на лицата на нашите муштерии“, изјави Мет Харисон, потпретседателот на европската подружница на „Тојота“.

И првата генерација на „јарис“ се закити со ова признание во 2000, додека „тојота приус“ славеше во 2005.

Оваа награда вообичаено се доделува за време на Автосаемот во Женева, но тој и годинава беше откажан.