ГЕРМАНЕЦ СИ ГО УКРАСИЛ СТАНОТ СО 444 НОВОГОДИШНИ ЕЛКИ

Берлин, (ДПА)

Германец кој за себе вели дека е луд по Божиќ постави нов светски рекорд за најмногу новогодишни елки во еден дом. Томас Јеромин го украсил својот стан во северногерманскиот град Ринтелн со 444 пластични елки.

Германскиот институт за рекорди ги посетил 55-годишниот Јеромин и неговата сопруга Сузан за да потврди дека нивната масовна колекција претставува нов светски рекорд.

(Фото: Гети)

Јеромин кажа дека употребил 47.000 светилки за да ги осветли сите елки во станот од 100 квадратни метри. Најголемата елка, од три и пол метри, виси од плафонот.

„Секоја година, уште во август почнувам да ги симнувам елките од таванот“, вели Јеромин, кој пред пандемијата нудел тури низ неговата божиќна земја на чудата.

(Фото: Гети)
(Фото: Гети)