Кралицата Елизабета Втора и војводата од Единбург денеска ја одбележуваат 73-годишнината од бракот и по тој повод објавија нова заедничка фотографија, на која се прикажани како отвораат честитка од нивните правнуци. Таа е направена од децата на Вилијам и Кејт, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

Деведесет и четиригодишната Елизабет имаше само 21 година кога се омажи за полковникот Филип Маунтбатен на 20 ноември 1947 и нивната врска е најдолга во историјата на британското кралско семејство.

Кралицата и 99-годишниот принц, кој се повлече од јавните обврски, ја поминуваат пандемијата на коронавирусот изолирани во замокот Виндзор и се очекува годишнината да ја прослават скромно.