Британката Адвоа Абоа ја понесе престижната титула модел на годината на доделувањето на Модните награди во Лондон.
Ова претставува голем животен триумф за оваа 25-годишна манекенка со егзотичен изглед, која двапати беше на работ на смртта и притоа се лекуваше од депресија и зависност од дроги.
Потекнувајќи од добро ситуирано семејство, Абоа почнала да експериментира со дроги кога имала само 14 години, проблем што со тек на време толку се влошил, што двапати се предозирала. Вториот случај, во 2015 година, како што призна, бил обид за самоубиство.
„Поминав четири дена во кома, а кога се разбудив, тоа беше како повторно да сум се родила“, вели Абоа, која го потпиша првиот договор со модна агенција на 18 години.
Само два месеци подоцна, таа се најде на насловната страница на „Вог“ и признава дека сега е трезна.
Во последните 12 месеци и магазинот „Џи Кју“ ја прогласи за жена на годината и ги носеше ревиите на „Шанел“, „Диор“, и „Бурбери“.
За титулата модел на годината, Адвоа ја победи Каја Гербер, ќерката на Синди Крофорд.
Креативниот директор на „Калвин Клајн“, Реф Симонс, е избран за дизајнер на годината, а Донатела Версаче беше прогласена за Модна икона.