ЌЕРКАТА НА КЕЈТ МОС ДЕБИТИРАШЕ НА МОДНИТЕ ПИСТИ НА 18 ГОДИНИ

Париз, (Дејли мејл)

Лајла Грејс, 18-годишната ќерка на прославениот супермодел Кејт Мос, дебитираше на модните писти за време на Париската модна недела.

Британската тинејџерка имаше чест да ја отвори и затвори ревијата на италијанската модна куќа „Миу Миу“, која ја претстави колекцијата пролет/лето 2021. Ревијата се одржа во празен стадион, а моделите се движеа по пистата почитувајќи социјална дистанца.

„Благодарам што ми овозможивте да дебитирам на ревија од сништата“, напиша Лајла Мос на Инстаграм.

Кејт Мос ја роди Лајла Грејс додека беше во врска со Џеферсон Хек, сопственикот на медиумска компанија.

Дебито на Лајла Грејс на модните писти следува 25 години откако нејзината мајка првпат беше ангажирана од „Миу Миу“. Мос тогаш веќе беше искусен модел откако првата ревија ја имаше три години порано.