„Суперфино: кроењето на црната мода“ беше темата на годинашната Мет гала, еден од најзначајните модни настани на годината, на кој се собираат средства за Институтот за костими на музејот Метрополитен во Њујорк. Влезницата за настанот чинеше 75.000 долари.

За првпат од 2003 година, фокусот беше исклучиво на машката облека, а домаќин беше бившиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон.

Темата беше инспирирана од новоотворена изложба во Метрополитен која ја истражува важноста на облеката и стилот за формирање на црнечки идентитети во атлантската дијаспора.






