МОДЕЛИ СО ТРИ ГРАДИ НА МОДНАТА НЕДЕЛА ВО МИЛАНО

Милано, (Пипл)
Mandatory Credit: Photo by Davide Maestri/WWD/REX/Shutterstock (9887912ay) Model on the catwalk GCDS show, Runway, Spring Summer 2019, Milan Fashion Week, Italy - 22 Sep 2018

Дизајнерите постојано поместуваат граници кога сакаат да промовираат свои нови колекции.

Џулијано Калца го направи токму тоа кога на Модната недела во Милано испрати на пистата модели со вештачка трета града.

Италијанскиот бренд со тоа избра бизарен начин да ја промовира својата пролетна колекција на ултракратки топ маици, под кои се наѕираа три гради. На социјалните мрежи се коментираше дека овој стил бил инспириран од култниот научно-фантастичен филм со Арнолд Шварценегер, „Тотален отповик“, во кој се појавува проститутка-мутант со три дојки.

Калца, кој го почна својот бренд пред три години, даде мало појаснување за својот настап во Милано.

„Ние сме млада група луѓе, сите сме помлади од 30 години и сакам на луѓето од моја возраст да им зборувам за иднината и да ги натерам да размислуваат за пластика, недостиг на вода и за околината. Целосната одржливост е невозможна и сакав оваа ревија да биде повик за будење“, изјави Калца.