„ПОРШЕ“ ВЕЌЕ НЕМА ДА ПРОИЗВЕДУВА ДИЗЕЛ ВОЗИЛА

Штутгарт, (Би-Би-Си)

По повеќемесечни шпекулации, „Порше“ ја потврди информацијата дека од својата понуда ќе ги исфрли моделите со дизел мотори.

Откако пред три години излезе аферата Дизелгејт, побарувачката по дизел колите на „Порше“ е во постојан пад и затоа компанијата одлучи да се фокусира на хибридни и електрични погони.

„Порше“ не нуди дизел мотори уште од февруари годинава и директорот Оливер Блум вели дека досегашните корисници на вакви коли ќе ја имаат нивната целосна поддршка.

Компанијата ќе го претстави својот прв целосно електричен автомобил следната година, а до 2022 година планира да инвестира повеќе од шест милијарди евра во овој сегмент.