ПО 70 ГОДИНИ, „ДИОР“ ОДРЖА РЕВИЈА ВО ЗАМОК ВО ШКОТСКА

Шкотска, (Гардијан)

Седумдесет години поминаа откако француската модна куќа „Диор“ последен пат одржа ревија во Шкотска. Брендот сега ја претстави новата летна колекција во градините на шкотскиот замок Драмонд.

Многу познати дами седеа во првите редови на ревијата, а шоуто не го пропуштија ниту познатите амбасадорки на брендот, како актерките Џенифер Лоренс, Ања Тејлор-Џој, Розамунд Пајк и Мејзи Вилијамс.

Фото: Гети

Се одржа раскошно шоу за 550 гости. Слики од последното шоу на „Диор“ во Шкотска, одржано во хотел во 1955, беа ставени на капути и чанти.