ПОСЛЕДНИОТ ДЕН ОД МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ СО ФОКУС НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО МОДАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со неколку настани вчера (30 март) заврши 32. Скопје моден викенд. Последниот ден ги поврза едукацијата, технологијата и современиот дизајн. Настанот започна со студентски колекции.

Во центарот на вниманието беше јавниот разговор „3-Д и вештачка интелигенција во модата“, кој отвори прашања за авторството, дигиталната трансформација и за новите граници на дизајнот. Се одржа и изложбата „3-Д и вештачка интелигенција во модата“, каде беа претставени актуелни практики што го спојуваат модниот дизајн со новите технологии.

На промоцијата на книгата „Облеката и модата, од историјата до денес“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ зборуваше и Лидија Георгиева

Програмата продолжи со презентации на експериментални колекции и дигитални проекти, како и со претставување на иницијативи насочени кон одржливо и технолошки поддржано производство на облека.

Посебен акцент беше ставен на промоцијата на книгата „Облеката и модата, од историјата до денес“ од костимографката и модна креаторка Зорка Тодорова-Младеновиќ, посветена на континуитетот во развојот на модата.

Се одржаа и ревијата „Еклиптика“ на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје и заедничка ревија на Марија Станојовска и Маригoна Рахмани. Настанот заврши со Олгица Ѓоргиева и колекцијата „Метаморфозис“.

(Фото: Г. Бошковски, Ѓ. Ристоски)