На премиерата на филмот „Осумте на Оушн“ во Њујорк, Ријана се појави во драматичен фустан со металик темновиолетова боја на „Живанши“. Поп-ѕвездата, која глуми во филмот, го искомбинира фустанот со џиновски сребрени обетки, прстени со скапоцени камења и со дијамантски часовник.

Ријана го носеше фустанот кој беше претставен на неодамнешната ревија на „Живанши“ во Париз

Но, таа не е прва која го носеше овој фустан од годинашната есенска колекција на „Живанши“.

На неодамнепната ревија во Париз, фустанот со голем волумен го носеше манекенката Клер Вајт Келер, а пак топ-моделот Кендал Џенер е во истата креација на јунската насловна страница на списанието „Ел“.

„Две ѕвезди, две различни шминки и еден огромен фустан. Додека некои мислат дека е модно фијаско, ние веруваме дека ова докажува деке двете жени имаат одличен вкус и се екперти во промовирање на авангардна облека“, пишува „Харперс базар“.