БЕКАМОВИ ЈА ДОНИРААТ ОБЛЕКАТА ОД КРАЛСКАТА СВАДБА

Лондон, (Би-Би-Си)

Дејвид и Викторија Бекам ќе ја донираат облеката што ја носеа на кралската свадба на Хари и Меган, за да соберат пари за жртвите на ланскиот бомбашки напад во „Манчестер арена“, кога загинаа 22 лица.

Парите од продажбата на облеката ќе одат во фондот „Го сакаме Манчестер“.

На свадбата на војводата и војвотката од Сасекс, Дејвид носеше сив „Диор“ костум, со неговите иницијали зашиени во внатрешноста, додека Викторија беше во темносин фустан од сопствената колекција.

Облеките ќе бидат ставени на онлајн аукција, за што ќе мора да се плати влезна цена од 18 фунти.