РИТА МОРЕНО НА ОСКАРИТЕ ДОЈДЕ ВО ФУСТАН ШТО ГО НОСЕЛА И ВО 1962

Лос Анџелес, (Дејли мејл)

Некои парчиња облека никогаш не излегуваат од мода и никој не го знае тоа подобро од Рита Морено, која на годинашните Оскари дојде во истиот фустан што го носеше на церемонијата во 1962 година.

Осумдесет и шестгодишната Морено првпат го облече жолто-црниот фустан пред повеќе од половина век, кога стана прва актерка со латино потекло која освоила Оскар, за споредна улога во мјузиклот „Приказна од западна страна“.

Зборувајќи на црвениот тепих, Морено призна дека не очекувала дека некогаш пак ќе го носи.

„Тој е сошиен од оби, материјал што јапонските жени го користат за правење кимоно. Тие цело време се свиткуваат, затоа што ова е едно парче ткаенина. Тој сите овие години ми стоеше во плакар и мислев дека досега ќе смени боја“, кажа Морено.

Сепак, откако видела дека фустанот е сѐ уште во добра состојба, таа решила да го облече уште еднаш, што за „Венити фер“ прво го откри нејзината ќерка.