Ени Ленокс вели дека никогаш не ставала ботокс ниту го затегнувала лицето, и покрај постојаниот притисок што се врши врз жените да изгледаат добро, без разлика на возраста. Легендарната пејачка на „Јуритмикс“, која направи фотосесија за новото издание на женскиот магазин „Гуд хаускипинг“, додава дека не го направила тоа, бидејќи здравјето ѝ е најважно.
„Никогаш не сум правела ботокс или затегнување на лицето. Не ги осудувам жените кои прават козметички операции. Ако имаат психолошка корист од тоа, тоа е нивни избор. Имам 64 години и имам добиено брчки, па што? Сум заслужила неколку линии. Врз жените се врши силен притисок да изгледаат добро, но во оваа фаза од животот, здравјето си го ценам најмногу од сѐ“, вели Ленокс.
Таа со оваа фотосесија ги охрабрува жените во седмата деценија од животот да не се кријат.
„Сакам да покажам дека жените можат да се забавуваат и да бидат полни со живот независно од возраста. Сакам жените од мојата генерација да сфатат дека не мора да бидат невидливи. Сѐ уште можеме да напредуваме и имаме многу да понудиме“.