„ЛЕГО“ НАПРАВИ „ШЕВРОЛЕТ“ ВО ПРИРОДНА ГОЛЕМИНА СО 335.000 КОЦКИ

Детроит, (Мотор1)

„Лего“ изгради реплика на камионетот „шевролет силверадо“ во природна големина, за да ја објави соработката со „Ворнер брос“, во пресрет на излегувањето на вториот дел на анимираниот филм „Лего филмот“.

Верзијата од коцки ги има истите димензии како оригиналното возило: шест метри долга, 1,8 метри висока и 2,4 широка, а тежината изнесува околу 1,5 тони. Во неговото составување учествувале 18-мина специјално обучени градители на „Лего“, кои ја завршиле работата за 2.000 часови.

Возилото е направено од точно 334.544 коцки, но за разлика од „бугати широн“, тоа нема да може да се вози.