НОРВЕШКАТА ПРИНЦЕЗА МАРТА ЛУИЗ ЌЕ СЕ МАЖИ ЗА АМЕРИКАНСКИ ШАМАН

Осло, (Би-Би-Си)

Норвешката принцеза Марта Луиз ќе се мажи за самопрогласениот американски шаман Дурек Верет следното лето, потврдија тие. Кралот Харалд Петти ѝ честиташе на двојката, велејќи дека е среќен да му посака добредојде на Верет во семејството.

Марта Луиз се откажа од своите кралски задолженија минатата година за да води бизнис со алтернативна медицина со својот свршеник, кој е познат по промовирањето на неосновани медицински практики. Тој сугерираше дека ракот е избор и продаваше медалјони кои штитат од ковид-19, додека Марта Луиз тврдеше дека може да комуницира со ангели.

Тие се свршија во јуни 2022 со благослов од кралот. Венчавката ќе се одржи во живописниот норвешки град Геирангер.

Според тамошните медиуми, Верет ќе се пресели во Норвешка и ќе му се придружи на кралското семејство без да носи титула. Холивудскиот гуру, кој се опишува себеси како шеста генерација шамани, тврдеше дека станал од мртвите и дека ги предвидел нападите на САД од 11 септември 2001 две години пред да се случат.

Ова ќе биде втор брак за највозрасното дете на кралот Харалд Петти, чиј прв сопруг Ари Бен изврши самоубиство во 2019, две години по разводот.

(Фото: Гети)