Новиот „мајбах“, кој е дел од „Мерцедес-Бенц“, ќе биде автомобил со најубав мирис на сите времиња.
Внатрешноста на теренецот ГЛС ќе има исклучителен мирис базиран на мешавина од автентични азиски цвеќиња, кожа и зачинет чај, соопшти брендот.
„Мерцедес-Бенц“ веќе користеше дизајнерски мириси за лимузината „С-класа“, но „мајбах“ е прв луксузен автомобил кој фабрички ќе добие арома. Мирисот ќе биде уникатен само за тој модел.
Автомобилот се очекува да излезе во ноември и ќе чини околу 200.000 долари.